Дома Фудбал Италија Пандев и Џенова не успеаа да го запрат Интер?

Пандев и Џенова не успеаа да го запрат Интер?

Интер запиша рутинска победа на гостувањето кај Џенова, а нашиот репрезентативец Горан Пандев го одигра целиот меч.

После поразот во градското дерби Интер немаше право на кикс, па од самиот старт тргна по победата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Џенова добро се држеше и одолеа во првото полувреме, во кое не видовме големи шанси.

Второто полувреме почна во ист ритам, но Лукаку во 64-та минута го доведе Интер во водство после асистенцијата на Барела.

Во 79-та минута Дамброзио ги постави конечните 2:0 откако најдобро се снајде после еден корнер на „нероаѕурите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ова болеше: Нејмар за малку избегна сериозна повреда!

Бразилецот Нејмар се врати на теренот во првиот натпревар по паузата од речиси два месеца …