Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Пандев и Ангеловски „уловени“ во луксузен ресторан во Букурешт 📷

Пандев и Ангеловски „уловени“ во луксузен ресторан во Букурешт 📷

Во романаските медиуми се појавија фотографии кои можат да предизвикаат проблеми за македонската репрезентација.

Имено, капитенот Горан Пандев и селекторот Игор Ангеловски заедно со своите фамилии вечераат во ресторан, што е спротивно на правилата на УЕФА на ова ЕП.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Романскиот „Про-спорт“ ги улови Пандев и Ангеловски со семејствата во еден од најлуксузните ресторани во Букурешт, во комплексот Херастау додека останатите репрезентативци останаа во хотелот во „Мериот“.

Според правилата на УЕФА, играчите и стручните штабови на репрезентациите не смеат да го напуштаат клупскиот хотел, освен кога станува збор за тренинг или натпревар.

Македонија денес лета за Амстердам, а играчите кои играа против Украина имаат слободен ден и нема да тренираат.

Останува да видиме дали УЕФА ќе ги казни Ангеловски и Пандев поради прекршување на протоколот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Не е само прстено: Еве што ѝ купил Роналдо на Георгина и колку потрошил

Кристијано Роналдо ја одблежа свршувачката со долгогодишната партнерка Георгина Родригез и…