Дома Македонски спорт Пандев до судијата Камплоне: Ти се колнам дека не ја допрев топката со рака

Пандев до судијата Камплоне: Ти се колнам дека не ја допрев топката со рака

Македонскиот капитен Горан Пандев вчера дојде до 98 гол во Серија А.

Пандев беше стрелец во осмата минјута од натпреварот против Удинезе. По одличната топка од Стротман, Пандев мајсторски се снајде на мал простор и го матираше противничкиот голман.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во прв момент радоста на Пандев беше прекината затоа што судијата досуди играње со рака од Пандев, но потоа по прегледувањето на ВАР голот беше признат.

Познатиот италијански медиум „ДАЗН“ сега открива сел од разговорот помеѓу Пандев и судијата Џакомо Камплоне во моментите додека се чекаше одлуката од ВАР.

„Ти се колнам во децата дека не ја допрев топката со рака…“, зборувал Пандев.

За среќа судијата и самиот после прегледувањето на снимките на ВАР мониторот се увери дека македонскиот капитен ја зборува вистината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…