Дома Македонски спорт Паднаа два рекорди на „Скопје Ран 10К“: Ивановски и Поп Арсова со нови државни рекорди

Паднаа два рекорди на „Скопје Ран 10К“: Ивановски и Поп Арсова со нови државни рекорди

Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова поставија нови државни рекорди во уличните трки на 10 километри.

Ивановски на „Скопје Ран 10К“ што се одржа претпладнево оствари време од 31:07 минути, а второто и третото место во машка конкуренција ги освоија Милош Ранчиќ (33:44 минути) и Атанас Анчевски (33:49 минути).

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во женска конкуренција прва беше Теодора Симовиќ од Србија  (34:59), втора Андријана Поп Арсова (37:02) и трета Билјана Кираџиева (37:59).

Околу 2.000 тркачи учествуваа на трката по булевар Илинден во Скопје. Во рамки на трката беше и хуманитарна акција за донации насловена #ЗасадиВоздух со која од продадените маици се одделуваат средства за садници кои тимот на Скопје трча 10 км и Град Скопје ќе ги засадат на погодна локација.

Фото: Макфакс

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…