Дома Фудбал Англија Падна првиот отказ во Манчестер Јунајтед

Падна првиот отказ во Манчестер Јунајтед

Maнчестер Јунајтед ја започна чистката во внатрешноста на клубот.

За ова лето најавени се големи промени, за се започна од У23 тимот каде што отказ доби Рики Сбрагиа.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Шефот на академијата на „црвените ѓаволи“, Ники Бат доби задача целосно да ги реконструира сите категорија кои се под првиот тим, а во тоа ќе му помогне поранешниот фудбалер Куинтон Фортун.

Сбрагиа по втор го напушта Манчестер Јунајтед. Резултатите на У23 Ттимот во последните две сезони беа навистина лоши, па одлучено беше тренерот на резервите да биде првиот кој ќе добие отказ.

Неговата улога би требало да ја превземе поранешниот тренер на овој тим Варен Џојс. Тој го води австралискиот Мелбурн Сити, но сигурно дека понуда од Манчестер Јунајтед не се одбива лесно.

Одредени промени сигурно ќе следуваат и во првиот тим. Засега отказ во раководството на првиот тим на Јунајтед не се очекува, но сигурно дека играчкиот кадар мора да претрпи големи промени доколку не сакаат да ја повторат оваа катастрофална сезона и наредната година.

Солскјер очекува раководството на тимот во текот на летото да вложи пари во адекватни засолувања. Многу фудбалери се поврзуваат со Манчестер Јунајтед, меѓутоа засега нема ниту еден потпис.

Летото кое следи се очекува да биде интересно и ни преостанува да видиме како „ѓаволите“ ќе изгледаат наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дембеле пропушти животна шанса, друг фудбалер е фаворит за „Златната топка“

Осман Дембеле важеше за главен фаворит за освојување на Златната топка, но по поразот на П…