Дома Трансфер зона Падна договор: Моис Кин се враќа во Јувентус

Падна договор: Моис Кин се враќа во Јувентус

Напаѓачот на Евертон, Моис Кин е пред враќање во Јувентус, пренесува „Газета дело Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Минатото лето Кин за сума од 27 милиони финти го напушти Јувентус и се пресели во Евертон, но не се снајде во Премиер лигата и би можел да се врати во Серија А.

Јувентус го доведе Мората како засилување во нападот, но Пирло бара алтернатива за Шпанецот и верува дека Кин е идеално решение.

Италијанските медиуми пренесуваат дека двата клуба лесно нашле заеднички јазик за трансферот, со оглед на фактот дека Кин не е во плановите на Анчелоти.

Италијанецот ќе се пресели во Јувентус на едногодишна позајмица со задолжителен откуп следното лето за 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…