Милан е исклучително активен на трансфер пазарот ова лето и сака да изгради тим кој конечно ќе избори пласман во Лигата на шампионите.
Еден од приоритетите на тренерот Џампаоло и на раководството беше доведување на дефанзивец, бидејќи Калдара е повреден и ќе отсуствува неколку месеци.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Прва мета беше Демирал од Јувентус, но двата клуба не успеаа да најдат заеднички јазик, па „росонерите“ во Бразил го пронајдоа посакуваното засилување.
Имено, италијанските медиуми потврдија дека Милан постигнал комплетен договор со Фламенго за трансфер на 23-годишниот Лео Дуарте.
Дуарте важи за еден од најдобрите дефанзивци во бразилското првенство, а Милан за неговиот потпис ќе плати 11 милиони евра. Бразилецот се очекува во следните денови да пристигне на лекарски прегледи во Милано и да стави потпис на 5-годишен договор.