Aдриен Рабио направи преседан така што побара од селекторот на Франција Дидие Дешамп да го отстрани од списокот на листата со резервни играчи за Светското првенство.
Ваквиот потег наиде не жестоки реакции во француската јавност и играчот од средниот ред на ПСЖ веројатно подолго време ќе почека за прв настап во дресот на „Триколорите“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За хаосот да биде целосен Рабио се погрижи веќе денес. Имено тој одлучил да го откаже претходно договорениот состанок со новиот тренер на ПСЖ, Томас Тухел и отпатувал на годишен одмор.
Како што пишуваат медиумите во Франција, Рабио само кратко порачал дека се враќа на 2 јули кога во ПСЖ пристигнуваат играчите кои не играат Мундијалот во Русија.
Прашање е само каков статус после ова ќе има Рабио кај новиот стратег на Пари Сен Жермен кој е Германец и јасно е ја цени дисциплината во екипата.