Џејмс Харден останува во Филаделфија. Одличниот бек се согласи на намалување на платата и потпиша двегодишен договор со овој тим.
Харден според новиот договор ќе заработува околу 70 милиони евра годишно, во него има и клазула која му дозволува да ја прекине соработката ако биде незадоволен од „проектот“ на крајот од сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Харден во Филаделфија дојде во февруари оваа година од Бруклин. 32-годишникот одигра 21 натпревар за новиот тим минатата сезона и просечно забележуваше 21 поен по натпревар. Филаделфија стигна до полуфиналето на Истокто каде што беше поразена од Мајами.
Харден НБА кариерата ја започна во Оклахома каде што играше од 2009 до 2012 година. Најдлабока трага остави во Хјустон Рокетс каде што настапуваше девет сезони и беше МВП на лигата во 2018 година.
summer mixtape just dropped. ⬇️ pic.twitter.com/hjA1efCoGx
— Philadelphia 76ers (@sixers) July 27, 2022