Попладнево во клупските простории на Победа првиот човек на клубот д-р Гоце Ингилизов ги финишира преговорите и потпиша 6-месечен договор со 22-годишниот Јасир Асани.
Станува збор за играчот на Вардар кој како позајмен минатата пролет ги бранеше боите на Шкупи. Асани е изданок од школата на Вардар каде ги мина сите селекции. Во Првата лига дебитира 2013-та година, а зад себе има 75 прволигашки мечеви и 14 голови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со успех може да настапува на двете офанзивни странични позиции и несмнено со својот индивидуален квалитет ќе го подигне нивото на играчкиот состав на Победа и ќе ја зголеми конкуренцијата во нападот.
Со ова најново засилување тренерот Штерјовски ќе има главоболки околу изборот на најдобрите 11-мина. Договорот на Победа и Асани е со важност од 6 месеци, со можност за негово продолжување доколку двете страни се задоволни.