По пауза од скоро осум месеци од денес Новак Ѓоковиќ повторно е најдобар тенисер во светот и се искачи на врвот на АТП листата.
Ѓоковиќ сега има 7.010 бодови и тоа се 340 повеќе од Карлос Алкараз кој во Мелбурн не настапи поради повреда. На третата позиција е противникот на Ѓоковиќ во финалето, Стефанос Циципас со 6.195 бодови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Новак ова ќе биде 374. недела на втвот на АТП листата и ако не се случи нешто неочекувано за еден месец го сруши апсолутниот рекорд на Штефи Граф за недели поминати како најдобри во светот.
Ќе видиме до кога Ѓоковиќ ќе остане на врвот затоа што поради повреда би можел да паузира и до април, па така ќе го пропушти турнирот во Дубаи. Покрај тоа незвесни се неговите настапи на Индијан Велс и Мајами затоа што не може да ја добие потребната потврда за вакцинација.