Дома Останати Официјално: Ѓоковиќ и Бекер ја раскинаа соработката

Официјално: Ѓоковиќ и Бекер ја раскинаа соработката

Новак Ѓоковиќ ја потврди информацијата која ја пренесоа германските медиуми дека Борис Бекер повеќе не е негов тренер. Легендарниот Германец и српскиот тенисер ја раскинаа соработката по три години, во кои Ѓоковиќ освои 25 турнири.

„По три исклучително успешни години јас и Борис Бекер решивме да ја раскинеме соработката. Целите кои ги поставивме кога тој стана мој теренер ги исполнивме и јас му се заблагодарувам на соработката, тимската работа и посветеноста. Од друга страна моите професионални планови сега се насочени кон тоа не само да го одржам високото ниво на игра, туку и да направам добар распоред, да си поставам нови цели и во таа насока ќе ги носам одлуките“, соопшти Ѓоковиќ.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За време на заедничката работа Ѓоковиќ освои шест Грен слем титули, а кога во мај прв пат во кариерата го освои Ролан Гарос, стана првиот тенисер по 1969 година кој во исто време беше шампион на четирите Грен слем турнири.

Токму по Ролан Гарос формата на српскиот тенисер започна да оди по надолна линија и тој на Мастерсот во Париз, по повеќе од 200 недели минати на врвот на АТП листата го загуби првото место.

Во последниот месец од сезоната Ѓоковиќ реши во стручниот штаб покрај Марјан Вајда и Борис Бекер да го вклучи и Шпанецот Пепе Имас, контроверзна личност, кого британските медиуми го нарекуваат секташ.

Вајда и Бекер не беа со Ѓоковиќ на Мастерсот во Париз, туку во неговата ложа седеше Имас. Потоа откако на завршниот Мастерс во Лондон Ѓоковиќ дефинитивно го загуби првото место на АТП листата стана јасно дека ќе ја раскине соработката со Бекер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Пол и Тајсон заработија суспензии по борбата!

Џејк Пол и Мајк Тајсон официјално беа суспендирани од боксот по нивната голема борба на Не…