Дома Топ вести ОФИЦИЈАЛНО: Халанд е играч на Манчестер Сити!

ОФИЦИЈАЛНО: Халанд е играч на Манчестер Сити!

Aктуелниот англиски шампион Манчестер Сити и официјално го потврди трансферот на Ерлинг Халанд.

Трансферот е потврден од страна на двете екипи, а според најавите Халанд ќе потпише договор со Манчестер Сити со плата од 400.000 фунти неделно. Сити во соопштението го потврдува дека има договор со Халанд и тој ќе пристигне во клубот на 1. јули, но се додава и дека треба да се договорат и уште некои детали.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


За Борусија  Дортмунд Халанд одигра вкупно 88 натпревари на кои постигна 85 натпревари. Интерес за неговите услуги имаше од повеќе клубови, но на крајот Сити и Гвардиола први стигнаа до неговиот потпис.

Ќе потсетиме, Борусија Дортмунд не се прашуваше премногу затоа што „граѓаните“ се одлучија да ја платат клазулата во договорот на Норвежанецот која изнесуваше 75 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…