Дома Фудбал Италија Официјално: Тео Ернандез го продолжи договорот со Милан

Официјално: Тео Ернандез го продолжи договорот со Милан

Тоа што се најавуваше сега доби и официјална потврда – Тео Ернандез го продолжи договорот со Милан.

Дефанзивецот е еден од најдобрите фудбалери во таборот на „росонерите“ и сега стави потпис на нов договор со кој се обврзува на вереност до 2026 година. Во наредните години во Милано тој ќе заработува 4.5 милиони евра.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Потписот на Ернандез се најавуваше некое време, а ова секако е одлична вест за навивачите.

Од неговото доаѓање во Милано Ернандез запиша 108 настапи во кои постигна 19 гола и подели 18 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тажна вест: Почина поранешен младинец на Јунајтед!

Манчестер јунајтед, откако ја извојува победата во напнатот дуел против Лион во четвртфина…