Дома Фудбал Думфрис ќе биде казнет за глупоста која ја направи на прославата на Интер?

Думфрис ќе биде казнет за глупоста која ја направи на прославата на Интер?

Интер вчера го прослави своето 20. Скудето во историјата, еуфоријата на улиците во Милано беше голема, излегоа повеќе од 300.000 навивачи. Во текот на прославата, фудбалерот Данзел Думфрис направи момент кој предизвика бурни реакции.

Имено, Думфрис во еден момент крена транспарент на кој имаше фотографија како со ланец како куче го држи играчот на Милан, Тео Ернандез.

Поради овој навредлив банер веројатно ќе биде казнет и од Фудбалската федерација на Италија. Најавите се дека казната ќе биде само парична, слична како на Џанлука Манчини кој неодамна вееше навредливо знаме за Лацио, па мораше да плати 5.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

25 удари, само еден бод: Сандерленд скапо ги плати промашувањата во Полска

Тимур Тутјеров го постигна најбрзиот гол сезонава во Лига Европа, но Лех Познањ преку Март…