Дома Фудбал Останато Официјално: Соопштени жестоките казни за „пиштолџијата“ и ПАОК

Официјално: Соопштени жестоките казни за „пиштолџијата“ и ПАОК

savidis

Стигнаа казните за ПАОК и сопственикот на овој клуб, Иван Савидис кој со пиштол се појави на теренот во натпреварот од грчкото првенство против АЕК.

Да потсетиме, по хаосот настанат на споменатиот натпревар Фудбалскиот сојуз на Грција одлучи да го суспендира првенството и таа суспензија неодамна беше прекината, а сега се соопштени и казните со кои виновниците ќе мораат да се соочат.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено, „пиштолџијата“ Савидис е суспендира на три години, но ќе плати и парична казна од 100.000 евра, што значи дека Гркот кој е роден во Русија ќе не може да присуствува на натпреварите во следните три години.

Покрај Савидис очекувано казнет е и клубот ПАОК. На грчкиот клуб се одземаат три бода на табелата, но и во наредната сезона ќе започне со минус два бода. Како и неговиот сопственик и ПАОК ќе мора да плати парична казна која изнесува 63.000 евра, на сето тоа ќе одиграат и три натпревари без публика.

Натпреварот на кој настана хаос е регистриран со службена победа на АЕК (3:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…