Челзи денес го најави потпишувањето на Матео Ковачиќ од Реал Мадрид со што неговата позајмица станува пераманентен трансфер.
25 годишниот фудбалер стави потпис на петгодишен договор и сега е официјално играч на Челзи до летото 2024 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И покрај забраната за трансфер Челзи очигледно имал дозвола да ја заврши зделката затоа што Ковачиќ го носеше дресот на нивниот клуб.
Официјални информации не се откриваат, но се верува дека „сините“ на „кралевите“ и платила сума од 50 милиони евра.
Ковачиќ за Челзи минатата сезона одигра 51 натпревари и собра повеќе минути отколку за три години поминати во Мадрид.
Comunicado Oficial: Kovacic.#RealMadrid
— Real Madrid C.F.⚽ (@realmadrid) July 1, 2019