Сезоната во белгиската Про Лига и дефинитивно нема да се доигра, а Клуб Бриж е прогласен за белгиски шампион.
По неколку недели размислување и дебата, Генералното собрание на белгиското првенство донесе одлука сезоната да се прекине.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Клуб Бриж ја освои шампионаската титула, а останатите места се доделени според моменталната табела пред да биде прекинато првенството.
Екипата на Беверен испадна од лигата, а следната сезона ќе се игра плејоф меѓу првите четирипласирани тимови од регуларниот дел на сезоната.
Пред белгиската лига иста одлука за прекин на сезоната донесоа првенствата во Холандија и Франција.
De Pro League heeft beslist. Proficiat, @ClubBrugge . Waasland-Beveren zakt https://t.co/tuVgqomxLI pic.twitter.com/Wm6q3v8d4G
— sporza (@sporza) May 15, 2020