Дома Македонски спорт Мак баскет Официјално: По една деценија Војдан Стојановски се врати во македонската кошарка!

Официјално: По една деценија Војдан Стојановски се врати во македонската кошарка!

Големо засилување за МЗТ Скопје – потпишаа со Војдан Стојановски!

Војдан Стојановски во МЗТ Скопје ќе настапува заедно со неговиот брат Дамјан и во клубот очекуваат да биде еден од клучните играчи во одбраната на титулата во домашното првенство, но промоција во јадранската лига преку АБА2 лигата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


За Војдан Стојановски ова ќе биде враќање во македонската клупска кошарка по повеќе од една деценија, со оглед што интернационалната авантура ја почна во 2011 година, кога замина за Украина.

Од тогашниот настап за Черкасеи мавпи, македонскиот репрезентацивец настапуваше за Доњецк, Алба Берлин, Андора, Реал Бетис, Бујукчекмече, Олденбург, По Ортез и Гравелин. Кариерата ја почна во Вардар, а има играно уште и за АМА-СП, Напредак Крушевац и за Фени индустри.

Договорот на Војдан е до крајот на сезоната, со можност за евентуално понатамошно продолжување на соработката ако двете страни најдат заеднички јазик по одигрувањето на последниот меч.

Фото: МЗТ Скопје

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…