Дома Фудбал Италија Официјално: Монтела е нов тренер на Фиорентина!

Официјално: Монтела е нов тренер на Фиорентина!

Винченцо Монтела и официјално, по втор пат го презеде кормилото на Фиорентина и стави потпис на договор до 2021 година.

Синоќа Стефано Пиоли си поднесе оставка од тренерската позици, но Фиорентина експресно ја најде неговата замена.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Винченцо Монтела утринава пристигна во Фиренца и стави потпис на договор со јуни 2021 година со „виолетовите“.

После неуспешната авантура во Севиља, Монтела се враќа во Италија и тоа на местото каде ја доживеа својата тренерска афирмација.

Монтела претходно беше тренер на Фиорентина од 2012 до 2015 година, а со новиот договор годишно ќе заработува 1,5 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нејмар го продолжи договорот со Сантос до Светското првенство 2026

Изгледа дека Нејмар стави крај на шпекулациите за премин во Интер Мајами или враќање во Ев…