Дома Фудбал Италија Отказот е вина на Калиниќ: Еве каков изговор најде Винченцо Монтела

Отказот е вина на Калиниќ: Еве каков изговор најде Винченцо Монтела

Милан вчера му врачи отказ на Винченцо Монтела, а за нов тренер го постави легендарниот Џенаро Гатузо.

Италијанските медиуми тврдат дека челниците на клубот се обиделе да го донесат Антонио Конте или Карло Анчелоти, иако од клубот тврдат дека Гатузо е долгорочно решение.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со недели веќе се зборува дека Монтела ќе заработи отказ од Милан, а тој тврди дека за тоа немало никакво наговетување.

„Не го очекував отказот, бев спремен за нови предизвици. Бев подготвен за тренинг, но тогаш ја дознав чудната вест. Мислам дека тоа е одлука на сопственикот, а не на директорот на клубот“, истакна Монтела па продолжи:

Никола Калиниќ да погодеше против Торино не би заработил отказ, би била ситуацијата поинаква да освоевме три бода. Меѓутоа, треба да се брани тимот, во него нема мрзеливост, сите се подготвени за нови предизвици, а она што барав од нив тие го направија“.

Италијанскиот стратег во тренерската кариера ги предводеше Катаниа, Фиорентина и Сампдорија, од каде што премина во Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…