Синиша Михајловиќ се врати во Серија А.
Она што се најавуваше вчеравечер беше и официјално потврдено – Синиша Михајловиќ е нов тренер на Болоња.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа беше објавено на клупскиот сајт на клубот од „Ренато Дал’Aре“, српскиот стратег ќе се обиде да избори опстанок со тимот кој од почетокот на сезоната го водеше Филипо Инзаги.
Играчката легенда на Милан доби отказ после убедливиот пораз од Фросиноне (0.4). Болоња после 21 коло е прва во опасната зона, три помалку од Емполи.
Михајловиќ така се враќа на тренерската работа после пауза од скоро една година. Минатата година го водеше Торино каде што некаде на половина од сезоната беше заменет од Валтер Мацари.
Со Болоња Михајловиќ потпиша договор до крајот на сезоната, а доколку избори опстанок ќе има опција истиот да биде продолжен на уште една година.
Ова е втор пат за Михајловиќ да седнува на клупата на Болоња, претходно тука како тренер работеше во сезоната 2008/2009.
Siniša Mihajlović è il nuovo allenatore del Bologna ✍️
Bentornato mister ?#WeAreOne ?? pic.twitter.com/KVttr8aLVO
— Bologna Fc 1909 (@BfcOfficialPage) January 28, 2019