Mилан денес го претстави новото засилување.
Нов член на „росонерите“ е англискиот фудбалер Фикајо Томори, 23 годишниот дефанзивец доаѓа на позајмица од лондонски Челзи.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Томори потпиша договор со Милан до крајот на јуни, „Росонерите“ ќе имаат право да го откупат неговиот договор за 30 милиони евра.
Комплетната кариера Томори ја помина во младинските категории на Челзи, а во сениорска конкуренција играше уште за Брајтон, Хал и Дебри.
Кај Френк Лампард не доби вистинска прилика и одлучено беше да оди на нова позајмица. Во Милан Томори ќе го носи дресот со број 23.