Дома Македонски спорт Официјално: Метју Божиновски на позајмица во Велингтон Феникс

Официјално: Метју Божиновски на позајмица во Велингтон Феникс

Младинскиот репрезентативец на Македонија до 21 година, Метју Божиновски го напушти Мелбурн Виктори и се пресели во Велингтон Феникс.

Со оваа позајмица Божиновски се сели во поквалитетна екипа од досегашната. Феникс во минатата сезона беше блиску до доигрување во А лигата во Австралија. Божиновски се смета за голем потенцијал и му се предвидува добра фудбалска иднина, ќе видиме дали ќе ги оправда очекувањата. Феникс ќе има право по истекот на позајмицата да го откупи неговиот договор.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Ќе потсетиме во септемврискиот циклус Божиновски дебитираше во селекцијата на Македонија до 21 година. За октомврискиот кој се одигра сега не беше во можност да допатува поради ковид протоколите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…