Дома Македонски спорт Мак ракомет Официјално: Мараш и Обрадовиќ си заминуваат од Еурофарм Пелистер

Официјално: Мараш и Обрадовиќ си заминуваат од Еурофарм Пелистер

За следната сезона Еурофарм Пелистер останува без двајца ракометари – Матео Мараж и Немања Обрадовиќ.

Двајцата ракометари се селат во Унгарија во редовите на Татабања. За сајтот на унгарскиот клуб Обрадовиќ и Мараш веќе ги дадоа и првите изјави.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Среќен сум што потпишав за Татабања. Имам многу амбициозни планови и мислам дека доаѓам на совршено место за мојот развој“, изјави Мараш.

Обрадовиќ пред да потпише за Татабња се консултирал со голманот Секељ.

„Секељ ми кажа само добри работи за градот и клубот. Татабања не е далеку од Србија, па кога се ќе се собере одлуката не ми беше тешка. Верувам дека направив добар избор“; изјави Обрадовиќ.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…