Стигна официјална потврда од Манчестер Сити.
Тимот на Манчестер Сити од денес во своите редови има уште еден дефанзивец. Станува збор за 21 годишниот Филип Сандлер.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Станува збор за фудбалер кој ја помина младинската школа на Ајакс и кој има искуство и тоа на стоперската и позицијата последен играч за врска, во редовите на „граѓаните“ пристигнува од тимот на Зволе каде што настапуваше две години.
Британските медиуми пренесуваат дека трансферот на овој фудбалер бил договорен уште во јануари, а денес се е официјализирано, клубот од Холандија како оштета ќе добие три милиони евра.
Очекувањата се Сандлер набрзо да биде вратен во Холандија во некои од најголемите клубови во оваа земја како позајмен фудбалер.
City are delighted to confirm the signing of Dutch defender Philippe Sandler. #WelcomePhilippe https://t.co/P3ogNBKr5D
— Manchester City (@ManCity) July 31, 2018