Дома Трансфер зона Официјално: Лука Јовиќ се врати во Ајнтрахт

Официјално: Лука Јовиќ се врати во Ајнтрахт

Лука Јовиќ е нов играч на Ајнтрахт Франкфурт.

Српскиот напаѓач е позајмен од редовите на Реал Мадрид на својот поранешн клуб и таму ќе игра до крајот на сезоната. Јовиќ вчера допатува во Франкфурт, денес ги помина медицинските прегледи, а потоа неговиот трансфер беше и официјално потврден.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Јовиќ летото 2019 година премина од Ајнрахт во Реал Мадрид за нешто повеќе од 60 милиони евра, но помеѓу „кралевите“ не се наигра. Постигна само два гола на 32 натпревари и констатно се пишуваше за негово заминување.

На крајот беше одлучено да оди на позајмица во неговиот поранешен клуб. Јовиќ помин две фантастични години во Ајнтрахт и сега тука ќе се обиде да ја врати формата. За Ајнтрахт постигна 36 голови на 75 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…