Дома Фудбал Официјално: Луис Енрике е новиот селектор на Шпанија

Официјално: Луис Енрике е новиот селектор на Шпанија

Тоа што го најавуваа медиумите изминатите денови денес доби официјална потврда, Луис Енрике е новиот селектор на шпанската репрезентација.

Ова денес и официјално го потврди претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија, Луис Рубиалес на пресконференција.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Луис Енрике ќе биде замената за Хуан Лопатеги и привремениот селектор Фернандо Јеро, а „црвената фурија“ ќе ја води во следните две години.

Тој со голем успех ја водеше Барселона, но една година е без ангажман, па Федерацијата брзо договори двегодишна соработка.

Енрике својот прв список, на кој не се очекуваат преголеми промени, ќе го соопшти на 31 август, за натпреварите против Англија и Хрватска во рамките од Лигата на Нации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Teжок удар за Флик: Дефанзивецот го чека пауза од четири месеци!

Барселона се соочи со нова сериозна криза пред продолжението на сезоната, откако данскиот …