Икер Касиљас одлучи и наредната сезона да го брани голот на португалскиот гигант Порто, иако се очекуваше дека ќе ја промени средината.
Договорот на Касиљас со Порто истекуваше ова лето, но португалскиот клуб денес потврди дека Шпанецот потпишал нов едногодишен договор.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Касиљас пред две години го напушти Реал Мадрид кога се пресели во Порто, а претходни за „кралевите“ запиша 510 настапи во периодот 1995 до 2015 година.
За екипата на Порто има настапи на 65 натпревари во изминатите две години.