Дома Трансфер зона Официјално: Интер има нов голман

Официјално: Интер има нов голман

Интер конечно ја доведе замената за голманот Андре Онана, а тоа е Јан Зомер.

Зомер доаѓа од Баерн Минхен, а „нероаѕурите“ за трансферот платија 6 милиони евра.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


34-годишниот Зомер со Интер потпиша договор на три години. Тој последните шест месеци ги помина во Баерн Минхен, а најголемиот дел од кариерата беше голман на Борусија Мехенгладбах.

„Со нетрпение чекам да заиграм на „Сан Сиро“, да ја почувствувам атмосферата и страста на навивачите. Ова ќе биде ново искуство за мене, првпат сум во Италија и среќен сум што пред мене е нова авантура“, изјави Зомер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…