Заврши сагата со Нејмар, Бразилецот денес и официјално го продолжи договорот со ПСЖ.
Повеќе месеци се шпекулираше за иднината на Бразилецот, а на крајот таа е завршена со продолжување на договорот на четири години. Бразилскиот офанзивец кои недели го делеа од влегување во последната година од договорот ја продолжи верноста до летото 2025 година.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Според неофицијални информации Нејмар ќе заработува 30 милиони евра по сезона кога ќе се одземе данокот, а во договорот има и дополнителни клазули за вонуси. Посебно значајна е клазулата за бонус за освојување на Лигата на шампионите.
Најскапиот фудбалер во Париз дојде во 2017 година од Барселона за оштета од 222 милиони евра, а неколку пати се зборуваше за негово заминување од „Камп Ноу“, меѓутоа сега е јасно дека ќе го носи дресот на ПСЖ и во иднина.
🤙❤️💙#NeymarJr2025 pic.twitter.com/nNKvR52c4O
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) May 8, 2021