Бразилскиот голман Едерсон минатото лето од Бенфика пристигна во Манчестер Сити каде што веќе во првата сезона покажа дека се работи за фантастичен голман.
Пеп Гвардиола прво го доведе Клаудио Браво како прв голман, но потоа не беше премногу задоволен со настапите на поранешниот голман на Барселона. Минатото лето за Едерсон издвои огромна сума, но овој 24 годишен голман му врати на најдобар начин.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Сити Бразилецот го награди на најдобар начин, со нов договор. Вистинска реткост е еден фудбалер да го продолжи договорот на седум години, а токму тоа го направи Едерсон – потпиша договор со важност до 2025 година!
„Ова е доказ дека клубот е задоволен од она што го прикажувам на теренот и дека верува во мене. Се надевам дека и во иднина ќе ја оправдам нивната доверба и ќе ги израдуваме навивачите“, изјави Едерсон.
Amazing news!@edersonmoraes93 has signed a new deal and committed himself to the Club until 2025! ? #mancity pic.twitter.com/vraZv8hhBw
— Manchester City (@ManCity) May 13, 2018