Веселин Вујовиќ нема да ја предводи репрезентацијата на Словенија на претстојното Европско првенство.
Управниот одбор на федерацијата на итен состанок одлучил да го смени Вујовиќ, а денес и официјално му беше врачен отказот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Раководството на ракометниот сојуз на Словенија ја раскина соработката со Вујовиќ. Новиот селектор ќе биде избран до средината на декември“, порачаа од Федерацијата.
Веселин Вујовиќ, кој своевремено го предводеше актуелниот европски и македонски шампион Вардар, ја одведе Словенија на ОИ во Рио де Жанеиро, потоа стигна и до бронзениот медал на СП во Франција.
Сепак, променливите игри и резултати во последно време придонесоа тој да ја загуби поддршката од ракометарите, но и од челниците на Федерацијата.