Дома Фудбал Останато Официјално: Во Европа ќе има и трето натпреварување!

Официјално: Во Европа ќе има и трето натпреварување!

УЕФА на состантокот во Даблин потврди дека од 2021 година стартува третото европско натпреварување под името „Лига Европа 2“.

Вчера стигна потврда за она што подолго време се најавуваше. Новото натпреварување ќе се игра во четврток заедно со натпреварите од Лигата на Европа.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


До ова натпреварување ќе дојде така што за три години бројот на учесници во Лигата на Европа ќе се намали на 32 со дополнителен плеј-оф рунда помеѓу групната фаза и првата нокаут рунда.

Шампионите од европските земји и понатаму ќе играат во Лигата на шампионите, но останатите тимови од помалите земји ќе одат во квалификации за ЛЕ2 место во почетната фаза во Лигата на Европа.

Новото натпреварување и Лигата на Европа ќе имаат ист формат, осум групи по четири клуба од кои победниците обезбеудваат место помеѓу најдобрите 16.

Победникот од ова натпреварување ќе обезбеди место во Лигата на Европа наредната сезона.

Треба да се истакне, дека со започнувањето на ова натпреварување Лигата на шампионите нема да претрпи никакви промени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Mилан пронајде засилување, но доби „корпа“!

Милан испрати понуда за фудбалерот на Стразбур, Гела Дуе, кој е постар брат на познатото к…