УЕФА и официјално му дозволи на Вардар натпреварот против Копенхаген од 3-то квалификациско коло во Лигата на шампиони да го игра на „Телеком Арена“ во Скопје.
Првичниот став на УЕФА беше дека нема да има натпревари на „Телеком Арената“ до одржување на Суперкупот, но со оглед на фактот дека во Македонија нема друг стадион кон ги исполнува условите, УЕФА сепак попушти и дозволи натпреварот да се игра во Скопје.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Иако според ждрепката првиот меч требаше да се игра во Данска, сепак Вардар ќе бидат ќе биде домаќин на првиот меч, кој ќе се одигра во вторник во 20 часот, потврди „македонски Спорт“.