Eкипата на Јувентус потпиша нов договор со својот најдобар дефанзивец, Бразилецот Бремер.
Бремер според новиот договор би требало да остане во редовите на клубот од Торино до 2028 година.
Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓
Во Јувентус Бремер пристигна од Торино во 2022 година за сума од 41 милион евра и брзо се наметна како еден од најважните фудбалери во системот на Масимилијано Алегри. Бразилецот во овој момент е најстандардниот дефанзивец на „старата дама“.
Следен кој би требало да потпише нов договор во Јувентус е играчот за врска Адриен Рабио, а потоа на листата се и Федерико Киеза и Мануел Локатели.
Јувентус во следниот натпревар во Серија А в сабота од 20:45 часот ќе игра против Рома.