Дома Фудбал Англија Официјално: Арсенал го продолжи договорот со Еди Нкетиа

Официјално: Арсенал го продолжи договорот со Еди Нкетиа

Eди Нкетиа го продолжи договорот со Арсенал и стави потпис на соработка до 2027 година, објави премиерлигашот.

Оваа информација веќе беше најавувана во претходните денови, а сега е и официјално потврдена. Нкетиа член на првиот тим на Арсенал е од 2017 година и од тогаш забележа 92 настапи и постигна 23 гола.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Среќен сум што Еди останува со нас, тој промовира се што е Арсенал, вредностире на овој клуб. Верувам дека ќе продолжи да се развива затоа што е голем талент и фантастична личност“, изјави Артета.

Во новата сезона Нкетиа ќе го носи дресот со број 14, досега играше со 30-ката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Голем удар за Арсенал пред четвртфиналето во ЛШ

Фудбалерот на Арсенал, Еберечи Езе, поради повреда нема да игра четири до шест недели, пре…