Арсенал денес и официјално потврди дека го откупил договорот на шпанскиот голман Давид Реја.
Претходно, „топчиите” платија 3 милиони фунти за неговата позајмица минатата сезона, а сега за откуп ќе му платат додатни 27 милиони фунти на Брентфорд.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„По една година на позајмица како „топчија” сега можам да кажам дека сум играч на Арсенал за идните години. Возбуден сум да видам што крие иднината, но секогаш живеам во сегашноста и уживам во неа. Остварување на сонот е да бидам тука и сакам да ви се заблагодарам за целата поддршка што ми ја дадовте во последната година”, изјави Давид Раја, кој се наметна како прва опција на голот.
Минатата сезона Раја одигра 32 натпревари во Премиер лигата, и запиша 9 настапи во ЛШ.