Дома Фудбал Останато Официјално: Аргентинците го отпуштија Бауза!

Официјално: Аргентинците го отпуштија Бауза!

Аргентинската фудбалска федерација утринава му врачи отказ на досегашниот селектор на репрезентацијата, Едгардо Бауза по само 8 натпревари на чело на репрезентацијата.

Со три победи, две реми средби и три порази, Бауза не остави посебен впечаток во јавноста, па поради тоа оваа одлука не е неочекувана.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Одлуката му ја соопштил лично новиот претседател на Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА), Клаудио Тапија кој неодамна беше избран на оваа позиција.

„Му кажавме на Едгардо дека повеќе не е селектор на репрезентацијата”, откри Тапија.

Фаворит за селекторското место сега е тренерот на Севиља, Хорхе Сампаоли. Преговорите со него се веќе почнати, но запнаа на должината на договорот бидејќи Сампаоли бара петгодишна соработка, односно до Мундијалот во Катар, а од Федерацијата му нудат само на три.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ал Наср славеше на дебито на Пиоли (ВИДЕО)

Ал Наср го совлада Ал Етифак со 3:0 во натпреварот од 4.коло од Лигата на Саудиска Арабија…