Дома Фудбал Италија Официјално: Андре Силва е нов играч на Милан!

Официјално: Андре Силва е нов играч на Милан!

Откако успешно ги помина лекарските прегледи, попладнево Милан и официјално го промовираше Андре Силва во нов играч на клубот од „Сан Сиро“.

Португалскиот репрезентативец пристигнува од Порто за 38 милиони евра и денес потпиша петгодишен договор со „росонерите“.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Горд сум што ќе го носам овој дрес. Милан е остварување на сонот. Доаѓам во еден од најголемите клубови во светот и ветувам дека ќе дадам се од себе за да ја оправдам довербата“, истакна Силва.

21-годишниот Португалец оваа сезона експлодираше во дресот на Порто и стана трансфер мета на многу европски гиганти бидејќи важи за еден од најталентираните напаѓачи во Европа.

Ова е четвртото засилување за Милан во летниот преоден рок, после Мусакио, Кесие и Рикардо Родригез, но „росонерите“ не планираат да застанат и најавија нови големи засилувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ерик тен Хаг повторно може да се врати во Амстердам, Ајакс покажува сериозен интерес!

Додека Џон Хајтинга сè уште се подготвува да го напушти Амстердам, веќе започна потрагата …