На еден час пред почетокот на натпреварот познати се стартните состави за натпреварот помеѓу Шкендија и Рига.
Шкендија има негатива од 0:2 од првиот натпревар па затоа нема што чува и ќе тргне офанзивно. Тетовци стартуваат со четворица напаѓачи – Дориев, Ибраими, Хебај и Нафиу во формација 4-4-2.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Захов е на голот, а во одбраната Мурати, Кривак, Бејтулаи и Павич, средниот ред е составен од Алими, Чака, лево и десно се Нафиу и Дорив, а во шпицот Хебај и Ибраими.
Натпреварот стартува во 20:00 часот.