Дома Фудбал Останато Откриено кој ќе ја добиe наградата за најдобар на ФИФА

Откриено кој ќе ја добиe наградата за најдобар на ФИФА

На 27-ми февруари Светската фудбалска организација (ФИФА) ќе ја додели наградата „The Best“ за најдобриот фудбалер за 2022 година.

Ваквата награда се доделува од 2016 година кога во ФИФА одлучија да се одделат од „Франс Фудбал“ кој ја доделува „Златната топка“. Кристијано Роналдо беше добитник на првите две награди, потоа Лука Модриќ беше најдобар во 2018, Меси наградата првпат ја освои во 2019, а потоа двапати во низа победуваше Роберт Левандовски.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Претходно овој месец на 10-ти февруари, ФИФА ја скрати листата на тројца фудбалери и сега во конкуренција се само Меси, Бензема и Мбапе.

Според неофицијални информации кои ги објави новинарот на „Франс Фудбал“, Францис Агиљар наградата ќе ја освои Меси. Информацијата ја пренесоа и неколку Твитер профили, но секако не е ништо официјално и потврдено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…