После големата пауза поради пандемијата на коронавирусот вчера беа одиграни натпревари во Премиер лигата, а првата ја одиграа Астон Вила и Шефилд.
Токму на тој натпревар се случи една голема грешка на гол-технологијата. Екипата на Шефилд во 42. минута постигна гол, но тој не беше признат. Имено, голманот на домаќините Орјан Ниланд со топка влезе во голот, меѓутоа гол-технологијата не му прати сигнал на главниот судија Мајкл Оливер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од компанијата „Hawk-Eye“ која е задполжена за гол-технологијата испратија извинување до Шефилд и ја објаснија ситуацијата.
„Судијата не доби сигнал дека топката ја помина гол-линијата и на вакво нешто сме за првпат сведови. Ова не сме го виделе во 9000 натпревари. Сите седум камери кои ја покриваа гол-линијата беа покриени од голманот, фудбалерите и конструкцијата на голот. Се извинуваме на Премиер лигата и оштететениот клуб“, стои во објаснувањето.