Дома Фудбал Англија Откриено: Еве зошто Венгер морал да замине!

Откриено: Еве зошто Венгер морал да замине!

Арсен Венгер денес официјално соопшти дека на крајот на сезоната го напушта кормилото на Арсенал, што е главна вест во фудбалскиот свет.

Англиските медиуми сега откриваат дека Вегер едноставно бил приморан да донесе таква одлука. Раководството не му оставило избор – или да замине, или ќе биде сменет.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Венгер најпрво одлуката им ја соопштил на играчите и тоа со зборовите дека се во прашање лоши вести и дека мора да замине, притоа бил многу лут.

Клубот претходно го назначи Свен Мислинтат да има одлучувачки збор кога се во прашање трансферите, што многу го погоди Венгер кој со денецнии одлучуваше сам.

Венгер почна да ја губи поддршката меѓу навивачите и директорите, а и семејсвото Кренке смета дека сега е вистинско време за промени, па Французинот немал избор – едноставно морал да замине.

Нормално, Венгер соопшти дека одлуката да замине е заедничка и дека ја донел после разговор со раководството на клубот.

Меѓутоа, англиските медиуми пренесуваат дека Венгер незадоволен и лут и дека едноставно морал да го напушти кормилото.

Кои се кандидати за негов наследник прочитајте ОВДЕ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…