Дома Фудбал Откриена е состојбата со повредата на Меси поради која плачеше како никогаш досега во кариерата

Откриена е состојбата со повредата на Меси поради која плачеше како никогаш досега во кариерата

Фудбалската репрезентација на Аргентина успеа да ја освои Копа Америка, откако во големото финале победи против Колумбија по продолженија со 1:0, но мечот остана во сенка на повредата на Лионел Меси, чиј зглоб беше во многу незгодна состојба.

Прво се мислеше за најлошото, особено затоа што беше неверојатно отечен, а сега се појавија првите прогнози за тоа колку долго ќе мора да паузира.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Имено, според првите проценки, Лео Меси ќе биде надвор од терените најмалку шест недели.

Со други зборови, ќе пропушти четири натпревари во МЛС, како и два меча во Лига купот. Исто така, Меси ќе го пропушти и МЛС „Ол-стар“ натпреварот закажан за 24 јули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најк „го истражува проблемот“ во дизајнот на дресовите за Светското првенство

Еден од најголемите производители на спортска опрема во светот, компанијата „Најк“ изјави …