УФЦ го прекина договорот со борецот од лесна категорија, Луис Пена затоа што минатиот викенд бил приведен поради семејно насилство.




Пена во саботата завршил во полициска станица поради пријава дека физички нападнал две женски лица од кои со едната бил во љубовна врска скоро година ипол.




Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
„Во УФЦ сме свесни за вознемирувачките вести за Пена. Тој секогаш бил отворен кога станува збор за неговата борба со здравјето, организацијата неколку пати се обиде да му помогне. Го известивме дека договорот му е прекинат“, соопштија од УФЦ.