Дома Останати Тенис Осака и Вилијамс за титула на УС Опен

Осака и Вилијамс за титула на УС Опен

Американката Серена Вилијамс и Јапонката Наоми Осака ќе се борат за титулата на УС Опен.

И двете тенисерки лесно дојдоа до големото финале и нивните противници немаа премногу шанси да слават во овој натпревар.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Серена со 2:0, по сетови 6;3 и 6:0 ја победи Анастасија Севастова, па 37 годишната Американка ќе има шанса да дојде до седмиот наслов на УС Опен.

Прв пат оваа титула ја освои пред 19 години и ова е доказ дека Серена е една од најголемите тенисерки на сите времиња.

Од друга страна во финалето ќе ја има јапонската тенисерка Наоми Осака која ја победи Мадисон Киз со 2:0 (6:2, 6:4) и стана првата тенисерка Јапонка која ќе игра финале на Гренд Слем турнир.

Осака го одигра веројатно најдобриот натпревар во кариерата, спаси дури 13 брејк топки и на крајот заслужено се пласира во финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Драматични сцени во Австралија: Телото на Синер се „парализираше“, фановите се уверени дека мамел (Видео)

Јаник Синер се пласираше во осминафиналето на Австралија Опен откако го победи Американецо…