Дома Останати Тенис Организаторот потврди: Ѓоковиќ ќе игра на Австралија Опен!

Организаторот потврди: Ѓоковиќ ќе игра на Австралија Опен!

До стартот на Австралија Опен остана уште неколку недели, а главната дилема беше дали Новак Ѓоковиќ ќе настапи и ќе се бори за 10. титула на првиот Грен Слем во сезоната.

Организаторот на турнирот го објави списокот на тенисери и на него беше името на Ѓоковиќ. Дилемата се појави поради ковид-протоколите во државата Викторија во Мелбурн.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Сите кои ќе дојдат во Австралија ќе мора да ги почитуваат правилата, да прикажат доказ за вакцини или медицинска потврда која ја имаат одобрено медицинските лица во земјата. За оние кои ќе дојдат од странство задолжителен ќе биде карантин од 14 дена“, стои во соопштението од организаторот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер брзо се врати во топ форма, Алкараз треба да биде загрижен!

Вториот светски тенисер, Јаник Синер, се избори за своето трето полуфинале на мастерс турн…