Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го освои трофејот на фјучрсот во францускиот град Денен, откако вчера во финалето ја совлада Мари Осака од Јапонија.
Македонката победи со 2-1 во меч што траеше 2 часа и 26 минути.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот сет и припадна на Ѓорческа со 6:2, во вториот поуспешна беше Јапонката со 7:5, а мечот беше решен по тајбрејкот во третиот сет (7:6).
Ѓорческа беше прва носителка на овој турнир на крајот ја оправда улогата на прв фаворит за трофејот.
Турнирот во Денен имаше награден фонд од 25.000 долари.