Дома Македонски спорт Мак ракомет Олимпискиот шампион беше преголем залак: Македонија изгуби, но не разочара против Франција!

Олимпискиот шампион беше преголем залак: Македонија изгуби, но не разочара против Франција!

Актуелниот олимписки шампион, Франција ја оправда фаворитската улога и денес во СЦ „Борис Трајковски“ славеше победа од 24:14. Поразот беше и очекуван, меѓутоа ние покажавме една добра и борбена игра, а публиката која беше во солиден број ги награди девојките со аплауз.

Почетните минути донесоа борбена игра без многу голови, Французинките првите погодоци ги постигнаа преку Алисија и Естеле за водство од 2:0, Грас беше третата ракометарка која ја погоди нашата мрежа во седмата минута.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Одбраната во овие минути може да се каже дека беше на ниво, меѓутоа недостасуваше идеја како да се најде патот до мрежата преку цврстата француска одбрана. Селекторот Савевски во таа седма минута го искористи правото на прв тајм-аут.

Ангела Јанкуловска во 12. минута заработи исклучување. Конечно до гол стигнавме на половина од првото полувреме кога, капитенот Сара Ристовска од вториот обид намали на 5:1.

Во последните десет минути Французинките влегоа со предност 6:2. Сликата на теренот не се смени премногу и понатаму ние тешко реализиравме, па после 25 минути игра имавме постигнати три гола. Франција во тие моменти водеше со 9:3. До паузата постигнавме уште два гола, но реализираа и гостите.

Покрај Ристовска погодуваа, Симона Маџовска, Моника Јаневска, Јована Саздовска и Ивана Џатевска. Во редовите на Франција најефикасна беше Корали со три гола.

Со три гола на стартот на вториот дел Франција за првпат на натпреварот дојде до двоцифрена предност. (15:5).

По предноста од десет гола францускиот селектор шанса даде на ракометарките кои играат помалку, па следуваше игра во која разликата во водството констатно беше 9-10 гола. На десет минути до крајот на натпреварот резултатот гласеше 20:10. Тие плус 10 разлика се покажаа и како конечна разлика.

Јано беше дека предноста на Франција е недостижна, па остана отворено само прашањето со колкава разлика ќе слават. Во нашите редови најефикасна беше Моника Јанеска со пет гола постигнати гола Јована Саздовска и Сара Ристовска постигнаа по три, два постигна Симона Маџовска, а еден Јована Кипријановска. Јована Мицевска имаше солиден настап на нашиот гол и собра девет одбрани.

Следниот натпревар Македонија на Европското првенство го игра веќе во понеделник кога противник ќе ни биде Холандија уште една силна селекција од европскиот ракомет. Како и денешниот и тој дуел се игра во терминот од 18:00 часот. Групната фаза нашите ракометарки ќе ја затворат со Романија во среда повтроно во истиот термин.

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Арсенал спреми астрономска понуда за ѕвездата на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за плејмејкерот на Милан и холандски репрезентативец Тиж…